Два меча од четвртфиналето во НБА-купот ќе се играат ноќеска, а победниците ќе го продолжат патот кон полуфиналето. Орландо е домаќин на Мајами во меч на кој домаќините се во добра форма и имаат четири победи во последните шест меча, додека Мајами влезе во криза и има четири порази на последните пет дуели.
Интересно е дека Орландо е во серија од четири победи во низа против Мајами, но сепак, вечерва токму Жешките се во улога на мали фаворити иако играат на гости.
Торонто игра дома против Њујорк, но ќе биде изненадување ако Рептилите победат. Торонто има пет порази во последните шест меча што ги играше, додека Њујорк е во одлична форма со седум победи во последните осум дуели. Традицијата вели дека Њујорк има девет победи по ред против Торонто, па затоа и тимот од Големото Јаболко е фаворит за победа.

Во понудата има и многу интересни комбинации за „плус-минус“ поени на кошаркарите кои ќе бидат на терен на овие две средби.


