Орлите не полетаа кон Лигата на шампионите, Мајнц освои бод за спас

Ајнтрахт Франкфурт направи кикс што може скапо да го чини, по ремито со Мајнц, денеска во големото локално дерби.

Популарните Орли не полетаа кон Лигата на шампионите, а веројатно нерешениот резултат 1:1 со најголемиот ривал ќе ги чини неиграње во Лигата на шампионите.

Мајнц сосема спротивно веројатно го освои бодот, ко им недостасуваше за речиси сигурен опстанок. Гостите долго водеа, од 11. минута со голот на Онисиво, а Ајнтрахт доцна израмни, со погодокот на Хрустиќ во 86. минута.

По денешниот кикс Ајнтрахт падна на петтата позција со 57 бода, еден помалку од Борусија Дортмунд и три од Волфсбург, екипи кои сега де фаворити за последните две места од Бунделсигата што водат во Лигата на шампионите.

Шампионот Баерн и Лајјпциг веќе обзбедија учество во луксузната европска клупска лига.

Мајнц треба да освои само уште еден бод во последните две кола за сигурно да игра нова сезона во Бундеслигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести