12.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Ортега: Свесни сме дека во Битола нѐ очекува „пеколна“ атмосфера

Тренерот на каталонскиот ракометен гигант Барселона, Антонио Карлос Ортега, го најави гостувањето кај македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, истакнувајќи дека ќе се соочат со „пеколна“ атмосфера во Битола.

Каталонската екипа првпат ќе гостува во Градот на конзулите и е свесна дека атмосферата во салата „Боро Чурлески“ ќе биде навистина френетична.

„Ова е навистина тешко гостување. Салата беше распродадена само за осум минути. Очекувам ѓаволски тешка и пеколна атмосфера. Еурофарм Пелистер е незгоден противник кога игра пред своите навивачи. Ние сме Барселона и, секако, ќе се обидеме да победиме. Нема да биде лесно, но ќе бидеме максимално подготвени за предизвикот“, изјави Ортега.

Еурофарм Пелистер вечерва ќе ја пречека славната Барселона во петтото коло од Лигата на шампионите на ЕХФ. Натпреварот започнува во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести