Осасуна поднесе и официјална жалба до Шпанската фудбалска федерација за начинот на кој се применува ВАР-системот. За нив спорен е моментот од првото полувреме на дуелот против Атлетико Мадрид, кога не беше досуден пенал по стартот над Дарко Брашанац.
Атлетико победи со 2:0, но во Осасуна сметаат дека се оштетени.
„Не можеме да веруваме што гледаат судиите во ВАР-собата. Системот е добар, но начинот на којшто се применува е чуден. Поднесовме жалба до Шпанската федерација бидејќи ни е нанесена неправда“, објавија од Осасуна.
Спорниот момент се случи во 40-тата минута, при резултат 0:0, а потоа Атлетико постигна два гола и победи со 2:0.