Виктор Осимен сака да остане во Галатасарај, тврди италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“. Според информациите, нигерискиот напаѓач веќе го информирал турскиот шампион за својата одлука.
Осимен минатата сезона играше како позајмен фудбалер од Наполи, а претходно ова лето одби многу примамлива понуда од Ал-Хилал.
Галатасарај е силно заинтересиран да го задржи напаѓачот, но мора да постигне договор со италијанскиот шампион за исплата на откупната клаузула, која изнесува 75 милиони евра за клубови надвор од Италија.
Наполи не планира да преговара за пониска цена и ќе го пушти Осимен само ако се исполни оваа клаузула. Дополнително, се тврди дека турски спонзори се подготвени да помогнат Галатасарај финансиски да го реализира трансферот.