Осимен е подготвен за трансфер во Манчестер јунајтед

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен е подготвен да го напушти Галатасарај само по една сезона. Откако минатото лето му пропаднаа преговорите со Челзи, Истанбул изгледаше само како привремена дестинација на неговиот пат кон поголем клуб.

Од Турција денеска пристигнуваат ексклузивни информации дека Нигериецот е подготвен да му се приклучи на Манчестер јунајтед.

Наводно, Осимен сака да стане дел од славниот клуб од Манчестер и да помогне во неговото враќање на старите патеки на успехот, особено бидејќи Црвените ѓаволи ја играат една од најлошите сезони во модерната историја.

Иако ужива во времето поминато во Турција, јасно е дека турската Суперлига не е на нивото што тој го бара. Во моментов тој е клучен играч во борбата на Галатасарај за одбрана на титулата, постигнувајќи 20 гола и пет асистенции на 26 натпревари во сите натпреварувања.

Осимен е на позајмица во Галатасарај, а по нејзиниот крај, најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата. Сè уште не е познато за колку ќе го продаде Наполи, но клубот нема многу простор за преговарање бидејќи Нигериецот влегува во последната година од договорот ова лето.

- Оглас -

Најнови вести