Турскиот гигант Галатасарај стигна до втората победа во Лигата на шампионите оваа сезона, откако на домашен терен го совлада Бодо/Глимт со 3-1. Виктор Осимен блескаше на овој меч и ги постигна првите два гола за Галатасарај, а потоа погоди и Јунус Акгун во 60-тата минута.
Почесниот гол за гостите беше дело на Андреас Хелмерсен во 76-тата минута.
Атлетик Билбао по цели 11 години повторно се радуваше на победа во ЛШ, а Карабах конечно загуби оваа сезона во елитното европско клупско натпреварување, иако поведе и во Билбао. Леандро Андраде уште во првата минута го изненади Атлетик Билчао, но Гурузета израмни во 40-тата минута.
Во вториот дел, Роберт Наваро се погрижи за пресврт, а Горка Гурузета во 88-та минута се погрижи за потврда на триумфот и конечни 3-1.