Конечно е комплетиран големиот трансфер што се чекаше во европскиот фудбал. Како што беше објавено на веб-страницата на Галатасарај, Виктор Осимен по месеци шпекулации, ќе стане фудбалер на овој клуб.
Галата е транспарентна, па затоа објави сè на својата веб-страница, вклучувајќи ги платите и надоместоците на играчите.
„Постигнат е договор со SSCN Napoli SPA за трансфер на професионалниот фудбалер Виктор Осимен. Во оваа рамка, на поранешниот клуб на играчот ќе му биде исплатена нето-сума од 75.000.000 евра како надомест за трансфер. Исто така, според постигнатиот договор, 10% од профитот од секоја последователна продажба на играчот ќе му бидат исплатени на Наполи“, велат од Галатасарај.
Осимен потпиша четиригодишен договор, што значи дека треба да остане во турскиот гигант до јуни 2029 година.
Според договорот, играчот ќе биде платен секоја сезона:
15.000.000 евра загарантирана нето-плата,
1.000.000 евра нето како бонус за лојалност,
„5.000.000 евра како надомест за други права“, се вели на веб-страницата на Галата.