Осимен можеби и ќе остане во Наполи?

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, ќе биде дел од тимот што ќе ги започне претсезонските подготовки во средината на јули, пишува „Газета дело Спорт“. Нигериецот се очекува да се приклучи на тренинзите на 14 јули, заедно со останатиот дел од екипата.

Осимен се врати од позајмицата во Галатасарај, и веќе ја одби богатата понуда од Ал-Хилал, за плата од дури 30 милиони евра годишно.

И покрај тоа, клубот од Саудиска Арабија сè уште не се откажал од идејата да го ангажира напаѓачот на Наполи. Но, доколку не се постигне договор до средината на јули, Осимен ќе остане дел од тимот и ќе ги почне подготовките за новата сезона со соиграчите на Наполи.

- Оглас -

Најнови вести