Осман Дембеле има 77,5% шанси да ја добие „Златната топка“

Францускиот фудбалер Осман Дембеле е апсолутен фаворит за освојување на „Златната топка“ за сезона 2024/25, која ќе биде доделена на 22 септември во Париз од магазинот „Франс Фудбал“.

Иако многумина го отпишаа поради честите повреди и проблеми додека играше за Барселона, Дембеле доживеа фудбалско „воскресение“ во редовите на Пари Сен Жермен, каде што блескаше цела сезона.

Изминатата година, 28-годишниот офанзивец освои Лига на шампиони, првенството и Купот на Франција, а ПСЖ сè уште е во трка за титулата светски клупски шампион. Според последните проценки, тој има 77.5% шанси да ја добие „Златната топка“.

На втората позиција се наоѓа младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, со 25%, додека трет е уште еден играч на ПСЖ, Витиња со 11.1%.

Во сезоната 2024/25, Дембеле одигра 51 натпревар, постигна 34 голови и запиша 15 асистенции. Откако пристигна во ПСЖ од Барселона во 2023 година, има вкупно 93 настапи, 40 голови и 29 асистенции.

Златната топка би била вистинска круна на неговата кариера, особено по сите тешки моменти и падови во Барселона. Преминот во ПСЖ се покажа како вистински потег, а напорната работа сега му се исплатува, и Дембеле е на чекор од тоа да биде прогласен за најдобар фудбалер на светот.

- Оглас -

Најнови вести