7.8 C
Skopje
четврток, 16 октомври 2025

Осумдневен притвор за родителот тепач, ќе му се суди по скратена постапка

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип му определи осумдневен притвор на родителот тепач кој во неделата на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички нападна малолетни фудбалери на Брегалница на меч од Супер лигата за помлади пионери.

Како што информираше судијата и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев, 43-годишниот А.А. од Скопје ќе биде спроведен во затворот во Куманово, но и ќе му се суди по скратена постапка.

Претходно, Основносто јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против родителот тепач по член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, за што е предвидена казна затвор од една до пет години.

Двајца малолетни фудбалери на штипската Брегалница се здобија со тешки телесни повреди, скрешеница на нос и скршеница на нога.

Фудбалската федерација на Македонија веќе ги изрече казните, па фудбалерот на Шкупи, Леарт Абдуљи, е исклучен од фудбалската организација, додека неговите соиграчи, Ибрахим Рамадани и Амар Новобрдалија, се казнети со забрана на настап од три месеци. Фудбалерот на Брегалница, Симеон Гоцев, е суспендиран на четири меча. 

- Оглас -

Најнови вести