Осумгодишни близнаци со генијален план успеаја да го запознаат Роналдо

Близнаците Елијас и Арон Шмит, кои имаат само осум години, се големи обожаватели на Кристијано Роналдо. Со фактот дека Роналдо сега игра во Саудиска Арабија, мали се моментите кога Португалецот е на европските терени.

Како капитен на Португалија, Роналдо неодамна играше против Луксембург, а таткото на осумгодишните близнаци, Дирк, се обидел да купи карти за овој меч, но безуспешно.

Едноставно, ја пропуштиле шансата во живо да го гледаат Роналдо, но тие не се предале од планот да го запознаат еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тогаш децата заедно со нивниот татко смислиле план, кој на крајот успеаја да го реализираат.

„Роналдо мораше од некаде да слета. Затоа ја користевме апликацијата за следење на летовите на околните аеродроми и успеавме да препознаеме кој е авионот во кој ќе биде Роналдо“, објаснува Дирк, кој морал да вози околу 300 километри до посочениот аеродром, но не згрешил.

Таму бил Роналдо и целата португалска репрезентација.

„Тоа беше луд половина час. Ниедна ѕвезда не застана да се слика. Жоао Феликс и Кансело само поминаа. Кога излезе Роналдо, веднаш застана. Тој беше единствениот кој даваше автограми и се фотографираше. Беше прекрасно затоа што моите момци успеаја да го видат и да го допрат Роналдо“, раскажува таткото Дирк.

Иако цела ноќ траело патешествието на ова семејство Шмит, на крајот двете деца ја добија посакуваната фотографија за спомен.

- Оглас -

Најнови вести