Дресот со број 8 во Барселона со најголем успех го носеше легендарниот Андрес Иниеста, а првпат по неговото заминување од „Камп ноу“, култниот број доби вистински сопственик.
Педри како еден од лидерите на новата генерација на Каталонците, го задолжи дресот со познатиот број, што уште повеќе се продлабочува неговото наследување на Иниеста.
Во минатото овој дрес го носеле великани како Гиљермо Амор, Христо Стоичков, а по Иниеста беше во погрешни раце на промашените трансфери Артур Мело и Миралем Пјаниќ. Во втората половина од минатата сезона, „осумката“ беше во сопственост на Дани Алвес, кој повеќе не е во клубот.
A new era begins. Pedri 8️⃣. pic.twitter.com/omb0yqDiUi
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 8, 2022