Освои четири титули во ЛШ, а играше само 16 минути во финалињата

Матео Ковачиќ вчера ја освои четвртата титула во Лигата на шампионите во својата кариера, а во финалето на „Драгао“  против Манчестер сити ги одигра последните 16 минути сметајќи го и судиското надополнување, кога влезе како замена на местото од Мејсон Маунт во 80-тата минута.

Овој настап му беше прв на Хрватот во едно финале во ЛШ, иако му е четврти трофеј во најелиното клупско натпреварување.

Играчот за врска беше дел од златната генерација на Реал Мадрид која трипати во низа ја покори Европа, меѓутоа во ниту едно од финалињата против Атлетико, Јувентус и Ливерпул не доби шанса да заигра.

Ковачиќ воедно го потврди рецептот за освојување на титула во ЛШ. Дури деветпати во последните 10 финалиња, европскиот првак имаше барем еден фудбалер од Хрватска во мечот за титулата и успеваше да победи и да стаса до вредниот пехар.

- Оглас -

Најнови вести