Рецептот за европска круна е едноставен – Хрват во тимот и една магична бројка на дресот носат титула во ЛШ

Каи Хаверц беше јунакот на Челзи и со првиот гол во Лигата на шампионите сезонава го одлули финалето во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Напаѓачот на Сините од Лондон ја искористи брилијантната асистенција на Мејсон Маунт во 42. минута и успеа да го постигне единствениот гол во финалето во Порто за триумф од 1:0 против актуелниот англиски шампион.

Интересно е што вторпат по ред фудбалер што го носи дресот со бројот 29 го одлучи финалето, откако лани Кингсли Коман, 29-та на Баерн Минхен со погодок во 59. минута го реши мечот за пехарот против Пари Сен Жермен.

Уште еден интересен податок е дека за титула во последните 10 години во тимот мора да има барем еден Хрват. Дури девет пати во последните 10 финалиња, европскиот првак имаше барем еден фудбалер од Хрватска во мечот за титулата и успеваше да победи и да стаса до вредниот пехар.

Вечерва за Челзи, како резерва играше Матео Ковачиќ, кој го замени Мејсон Маунт во 80. минута во редовите на новиот европски првак.

Челзи вечерва стаса до втората европска круна во третото финале, а покрај победата против Манчестер сити, клубот од Лондон беше успешен и во 2012 година кога го победи Баерн Минхен на пенали, откако го загуби првото финале во 2008 година исто така на пенали против Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести