По освоените титули во Лигата на шампионите, Премиер лигата и Светското клупско првенство со Ливерпул, Дејан Ловрен ќе ја продолжи кариерата во Зенит Санкт Петербург. Рускиот првак ќе исплати 11 милиони фунти за искусниот хрватски дефанзивец кој го напушта новиот англиски шампион во потрага по поголема минутажа.
Сите страни речиси да го договорија трансферот, Ливерпул ја искористи последната шанса да заработи од заминувањето на Ловрен, кому му остана една година од договорот со гигантот од „Енфилд“, додека во рускиот гигант го чека договор на три сезони.
Воедно преселбата во руското првенство е нов предизвик за 31-годишниот хрватски репрезентативец, а Зенит ќе му биде петти клуб во кариерата, по Динамо Загреб, Лион, Саутхемптон и моментално Ливерпул.