Освоија трофеј по 50 години, а сега сакаат да ги ангажираат Џеко и Зијех

Болоња по пауза од 50 години освои трофеј откако триумфираше во финалето од Купот на Италија над Милан. Иако последните сезони играат одлично, сепак за следната сезона имаат уште поголеми амбиции, па планот на раководството е да ангажираат две големи ѕвезди.

Првата желба е Един Џеко, босанскиот напаѓач кој летово го напушти Фенербахче иако играше во одлична форма. Понудата која ја има Босанецот е договор на една и плус една година со фиксна плата од околу два милиони евра и дополнителни бонуси.

Раководството на Болоња веќе е во контакт и со славниот марокански репрезентативец, Хаким Зијех, кој е член на Ал-Духаил, но познато е дека ќе го напушти клубот и дека сака да се врати во Европа. Веројатно 32-годишниот фудбалер не би имал ништо против да игра во Болоња во Серија А, но и во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести