Тажни вести доаѓаат од САД. Некогашниот освојувач на Супербоулот, Мич Петрус изненадно починал, а се претпоставува дека причина за смртта е топлотен удар. На 32-годишниот Петрус му се слошило додека работел пред дуќанот на неговите родители, во местото Литл Рок. Веднаш бил пренесен во болница, но уште истата вечер починал.
Температурата во најголемиот град во Арканзас била околу 33 степени, а спортистот иако пиел доволно вода, срцето му застанало, бидејќи немало доволно електролити во телото. Петрус претходно немал никакви здравствени проблеми и воопшто изненадување е ваквата негова смрт.
Топлински удар настанува кога човекот е долго време изложен на сонце, а температурата на телото расте побрзо од тоа што човекот може да ја олади и да ја одржи во нормални граници. Во човечкото тело се создаваат оштетувања на мозокот и на останатите витални органи како што се срцето и бубрезите. Најголема опасност од топлотен удар има во текот на летната спарнина, кога е висока влагата во воздухот.
Петрус играше за екипите на Њујорк џајантс и Њу Ингланс петриотс, а врвот на кариерата го достигна во 2012 година, кога во дресот на Џајантс славеше против петриотс во финалето (Суперболот), со 21:17.
#NYGiants statement on the passing of Mitch Petrus: “We are saddened to hear of Mitch’s passing. Our thoughts go out to Mitch’s family and friends.” pic.twitter.com/6GPVBQEdyr
— New York Giants (@Giants) July 19, 2019