Кристијано Роналдо синоќа воопшто не се ни појави во Милано на гала-свеченоста на ФИФА во изборот на најдобрите фудбалери за минатата сезона. Иако Роналдо беше на помалку од 150 километри од Милано, тој реши да остане во својот дом во Торино.
По изборот на Меси за најдобар фудбалер за минатата сезона, Роналдо се огласи на својот инстаграм-профил со едн кратка порака: „Стрпливоста и упорноста се две карактеристики кои ги разликуваат професионалецот од аматерот. Сѐ што денеска е големо, почнало од мало. Не можете да направите сѐ, но направете сѐ што можете за да ги остварите своите соништа. И имајте на ум дека по ноќта, секогаш доаѓа зора“, напиша Роналдо додека позира со книга во рака релаксиран во креветот во својот дом.