По 22 одиграни кола во шпанската Примера дивисион, Реал Мадрид е единствениот тим во лигата против кого не е досуден ниту еден пенал. Од друга страна, Кралскиот клуб имаше 10 пенали во своја корист во тие 22 натпревара што ги одигра, од кои два ги промашија.
За разлика од Реал Мадрид, кој има 10 пенали за нив и ниту еден против нив, најголемите ривали Барселона и Реал Мадрид не може да се пофалат со толку добар скор. Во овие 22 кола во корист на Барселона имало четири пенали, а против каталонскиот гигант се досудени три пенали. Атлетико Мадрид има два пенали за нив и два против нив.
Кога се работи за податоците поврзани за досудени пенали од воведувањето на ВАР-системот од сезоната 2018/19, повторно Реал Мадрид е далеку пред сите.
Во овој период откако е воведен ВАР-системот, во корист на Реал Мадрид се досудени дури 61 пенал, а во истиот период против нив имало 31 пенал. Потоа следува Барселона со 43 пенали досудени во нивна корист, додека против каталонскиот гигант има досудено 25 пенали. За Атлетико Мадрид во овој период биле досудени 33 пенали, а против нив имало досидено три пенали помалку.
Кога се работи и за голови признати по преглед на ВАР-технологијата, Реал Мадрид повторно е убедливо прв. Во ВАР-проверка на Реал му биле признати 25 погодоци, додека против Кралевите биле признати само седум гола во овој период. Барселона е втора со 12 признати погодоци по ВАР-прегледување, а против Каталоците имало 10 гола во истиот период.