Откако проба ракија, НБА ѕвездата Пол Џорџ веќе не признава ниту еден друг алкохолен пијалок

На Пол Џорџ му се допаѓа Балканот, не само затоа што од тука потекнува неговата сопруга, некогашната стриптизета Даниела Рајиќ, туку и затоа што тука постои ракијата, новиот омилен алкохолен пијалок на НБА ѕвездата.

После посетата на родното село на жена му и на Белград, Џорџ со Бобан Марјановиќ заминаа во Црна Гора и добро се дружат со чашка ракија. Додека сопругите им се капеа во море, Пол и Боби седеа под сенка и наздравуваа со ракија, еден од најпознатите специјалитети на овие простори.

- Оглас -

Најнови вести