Планираниот натпревар од италијанската Серија А помеѓу Милан и Комо, кој треба да се одигра на 8-ми февруари во Перт, Австралија, е ставен под знак прашалник.
Иако УЕФА претходно даде еднократно одобрение натпреварот да се одржи надвор од Италија, се зголемува притисокот врз Азиската фудбалска конфедерација и ФИФА да спречат такво нешто да се случи.
Дозволата од УЕФА беше исклучок сличен на оној за натпреварот Виљареал-Барселона од шпанската Ла Лига беше планиран во Мајами, но подоцна после силните реакции, беше откажан.
За дуелот меѓу Милан и Комо навистина да се одржи во Австралија, потребно е дополнително одобрение од Австралиската фудбалска федерација, Азиската федерација, како и Светската ФИФА, па затоа постои можност идејата да пропадне.
Сега и во УЕФА веруваат дека шансите натпреварот да се игра во Австралија се намалуваат. Навивачите на двата клуба не беа воодушевени од идејата да не можат да го гледаат својот тим во живо, па ако се откаже мечот во Перт, тоа би било и нивна победа.