23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Откажан турнир на кој Ѓоковиќ лани ја освои титулата

Челниците на АТП одлучија да го откажат турнирот во Тел Авив поради кризата и воената состојба во Израел. Турнирот од АТП 250 серијата, требаше да се игра на почетокот на ноември.

После консултации со стручњаци за безбедност, одлучено е дека во моментов не е сигурно да се организира еден таков спортски настан во опасно подрачје.

Лани, титулата во Тел Авив ја освои Новак Ѓоковиќ, со победа над Марин Чилиќ во финалето, и таа победа му помогна да обезбеди место на завршниот Мастерс.

Годинава, Ѓоковиќ секако немаше да игра во Тел Авив, приоритет му се други турнири. Имаше шпекулации дека турнирот ќе се игра, но во бугарскиот главен град Софија, меѓутоа таа опција отпадна.

- Оглас -

Најнови вести