Баер Леверкузен е тимот кој сезонава има сензационални резултати. Фармацевтите не само што немаат ниту еден пораз во сите натпреварувања, туку се со биланс од 17 победи и само еден нерешен резултат. Тимот предводен од тренерот Чаби Алонсо има диманичен фудбал со фуриозен напад, па во просек постигнува повеќе од три гола на меч.
Многумина се чудат како Алонсо го прероди тимот, кој едноставно не сопира да победува. Како еден револуционерен потег кој се забележува сезонава кога игра Баер Леверкузен се многуте топки наредени покрај теренот кога игра на домашен терен.
Покрај децата коишто се задолжени да ги враќаат топките до фудбалерите, покрај аут-линијата има наредено дури 29 топки кои фудбалерите може веднаш да ги земат кога топката со којашто играат заврши далеку во аут.
Токму со тој потег, Баер Леверкузен сака да ја забрза играта на теренот, да не дозволи противникот да одолговлекува со враќање на топката во поле. Дури и кога има водство, фудбалерите на Баер не калкулираат многу со задржување на времето, туку се обидуваат со брзо враќање на топката во поле да постигнат уште некој гол повеќе.
@bundesliga No time wasting here! ⏱️ #bundesliga #fussball