Откриена најголемата лудост што ја направил Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ е еден од најдобрите напаѓачи во последниве 20 години во светскиот фудбал. Човекот кој има освоено титули со речиси сите клубови во кои настапувал, моментно е главна ѕвезда во САД. Популарниот Ибра настапува во Лос Анџелес Галакси, каде што сезонава даде повеќе од 20 погодоци, иако веќе е во редот на ветераните.

Низ текот на кариерата, со Златан се поврзани голем број на анегдоти, а некогашниот играч на Јувентус, Федерико Балзарети, реши да ја открие најлудата, а таа е од периодот во којшто играше за Јувентус.

„Цела екипа бевме на ручек и во еден момент Златан стана и рече дека ќе оди да потпише за Милан. Кога се вративме, го прашавме како поминал, а тој ни одговори: ’Добро беше, потпишав за Интер.’ Тоа никогаш нема да го заборавам“, откри Балзарети.

По заминувањето од Јувентус во Интер, Ибрахимовиќ промени уште неколку врвни клубови. Потоа играше и за Барселона, па конечно потпиша и за Милан, а по заминувањето од Росонерите, го носеше дресот и на Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед.

Шпекулациите велат дека по завршување на сезоната во САД, Ибра ќе си замине од ЛА Галакси и ќе го облече дресот на аргентинскиот гигант Бока јуниорс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести