Директорот на светскиот гигант потврди: Ибрахимовиќ сака да игра кај нас

Златан Ибрахимовиќ веќе една и пол година е главна фудбалска ѕвезда во САД. Шведскиот голгетер досега одигра 55 меча во дресот на Лос Анџелес галакси и постигна дури 51 голови. Овие бројки навистина се импресивни ако се знае дека Златан веќе има 37 години, но и понатаму не размислува да ја заврши кариерата. Ибра погоди и рано утрово во поразот ЛА Галакси од Ванкувер.

На крајот од оваа година ќе заврши и договорот на Ибрахимовиќ со ЛА галакси и ќе стане слободен играч. Шпекулациите велат дека Ибра не само што нема да се пензионира, туку ќе бара нов предизвик, и тоа во Аргентина. Бока јуниорс е неговата следна дестинација.

Директорот на аргентинскиот гигант потврди дека Ибрахимовиќ покажал интерес да дојде во Бока.

„Вистина е дека Златан сака да игра за нашиот тим и точно е дека сме во можност да го доведеме во Бока. Клубот сега е во одлична состојба. Финансиски сме толку моќни, што може да си дозволиме и раскош. Имаме пари да го доведеме Ибрахимовиќ“, се пофали директорот на Бока, Хорхе Анро.

 

- Оглас -

Најнови вести