Погодокот на Сесар Аспиликуета со кој Челзи израмни против Кардиф на 1-1, а потоа дојде до победа од 2-1 беше постигнат од позиција офсајд. Јасно како ден се гледа дека капитенот на „сините“ е речиси два метри во недозволена позиција, но судиите не реагираа и голот се важеше.
Откриена е причината зошто помошниот судија Еди Смарт не го крена знаменцето. Помошникот на Крег Повсон не можел добро да ја проследи целата ситуација поради тоа што Вилијан стоеше на неколку метри пред него и му попречи.
Голот на шпанскиот дефанзивец кој го постигна во 84-тата минута можете да го видите на следниот ЛИНК.
Сепак, тоа не е доволно оправдување за тренерот на Кардиф, Нил Ворнок, кој на саркастичен начин ги испрати судиите од теренот, а по мечот изјави: „Без разлика што Вилијан на итар начин се обиде да му попречи на Смарт, судија во најсилната лига на светот мора да реагира во ваква ситуација, повеќе од очигледно е дека Аспиликуета е два метри во недозволена позиција“.