Откриени сите детали околу аферата на Карлеуша со репрезентативецот на БиХ

Огњен Врањеш, фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, и познатата српска пејачка Јелена Карлеуша цели две години имале тајна афера. Оваа нивна афера беше откриена на почетокот на годинава, кога мажот на Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ, се вратил во Белград. Тошиќ го зел мобилниот телефон на Јелена и во него пронашол многу пораки кои биле разменувани меѓу неговата жена и играчот на Андерлехт.

Откако се откри аферата, Врањеш реши да ги открие сите детали.

„Почитувани претставници на медиумите, немаше да го направам ова ако не бев изложен на тортури и обвиненија и закани на моето семејство од страна на госпоѓата и господинот Карлеуша. Со оглед на тоа дека се подготвени да направат сѐ само да се одбранат себеси и своето семејство, ја сум подготвен да ја кажам целата вистина, а тоа е следната: Јелена и јас се запознавме преку „Инстаграм“ пред две години и така сè започна. Таму си ги разменивме и телефонските броеви и со тоа започна сето ова. За тие две години, доживеавме и преживеавме сѐ и сешто. Од заеднички патувања, доаѓања кај мене во Атина, гледања на разни места, па дури и кај неа во куќата. Во сето тоа имаше убави и помалку убави моменти. Пресветата Јелена сега глуми силна жена, а преку пријатели и познаници моли и плаче, што е типично за неа кога нешто ѝ треба. Затоа, да утврдиме: јас не сум ниту нејзин фан, ниту психопат, како што сака таа да ме претстави, тоа попрво ќе биде она самата и подготвен сум со докази да го докажам тоа. Никого ниту сум бркал на интернет, ниту сум присилувал, сѐ беше доброволно, на заедничко задоволство. Затоа, господине Карлеуша и госпоѓо Тошиќ, виновникот барајте го меѓу вас, а не кај мене. Доцна се сетивте на патетиката и спинувањето. Мене ми е многу жал што на сето ова е изложено моето семејство, но ова е единствен начин да ја кажам вистината, а со тоа да се заштитам самиот себе и моето семејство од понатаможни обвиненија. За почеток, еве ви еден доказ. Со почит, Огњен Врањеш“, напиша фудбалерот, кој ја признава целата афера со Карлеуша.

Врањеш постираше фотографија од дружењето со Карлеуша додека тој играше во Атина. На фотографијата се гледа колку пејачката е среќна во друштво на репрезентативецот на БиХ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести