Откриено е тајното рангирање: Винисиус јуниор е добитник на Златната топка? (Фото)

Оваа вечер во Париз ќе биде врачена најпрестижната индивидуална награда во фудбалот – Златната топка. Во последните месеци ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус јуниор, се најавуваше за главен фаворит, а денеска е пробиено и тајното рангирање кое потврдува дека токму Бразилецот ќе ја добие наградата.

Според ранкингот, кој се појави онлајн ова утро, Винисиус јуниор ќе победи со 630 гласови. По него следува Шпанецот Родри од Манчестер сити, кој е победник во Премиер лигата и во Европското првенство, а третата позиција ја зазема друг претставник на Реал Мадрид, Џуд Белингам.

Сепак, навивачите се изненадени од фактот што европскиот шампион со Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Дани Карвахал, не е во топ 10, а „пензионираниот“ Тони Крос е надвор од првите 12-мина фудбалери. За сметка на тоа, Дани Олмо е на деветтото место.


Сепак, останува и дилемата дали е ова вистинскиот список од рангирањето за Златната топка.

- Оглас -

Најнови вести