Кристијано Роналдо го заврши одморот во Грција, но уште многумина зборуваат за парите кои ги има потрошено таму. Најпрво, реакцијата беше за сумата од 8.000 евра од вечер, колку што чини престојот во луксузното одморалиште Коста Наварино, а потоа зачудувачки беше бакшишот кој Роналдо го оставил на послугата.
Португалецот оставил бакшиш од 20.000 евра, но има и голема причина за толку висок бакшиш. Роналдо бил презадоволен што ниту еден од папараците кои биле во близина на вилата, не успеал да фати ниту една фотографија од одморот.
Така добро завршената работа, Роналдо знае да ја цени, па на луѓето задолжени за неговата приватност, оставил бакшиш од 20.000 евра.