Откриено зошто се степаа Левандовски и Коман

Роберт Левандовски и Кингсли Коман најчесто соработуваат во офанзивниот дел од теренот кога се во дресот на Баерн Минхен. Сепак, вчера на тренингот не беше така. Овие двајца играчи се степаа, а тренерот Роберт Ковач не реагираше ништо посебно, па дури ги остави да го доработат тренингот, иако претходно си разменија по неколку удари.

Францускиот „Лекип“ открива која е причната за тепачката на тренингот на најтрофејниот германски клуб. Левандовски неколку пати сезонава се жалел дека Коман не е доволно сериозен на тренинзите и не работи како што треба. Полскиот голгетер вчера решил тоа директно да му го каже и на Коман, кој не ја прифатил оваа забелешка на соиграчот и најпрво почнала вербална, а потоа и физичка пресметка.

Тренерот Ковач вели дека разговарал со двајцата играчи и дека се извиниле.

„Седнав со двајцата и разговаравме за тоа што се случи. Двајцата се извинија и рекоа дека им е жал. Нема што повеќе да се додаде. Нема да ги казнувам, тоа се разумни момци. Го преживеавме инцидентот“, рече тренерот Ковач.

Баерн в недела гостува кај Фортуна Дизелдорф во обид да ја сочува челната позиција во Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести