Откупната клаузула за Алварес е смешна, наскоро ќе започне „војна“ за Аргентинецот

Хулијан Алварес игра одлично сезонава во дресот на Манчестер сити, со што го сврте вниманието на себе и наскоро може да си замине поради посебна ставка која се однесува на откупната клаузула.

Каталонскиот весник „Спорт“ открива дека Аргентинецот иако има договор со Граѓаните до 2028 година, има посебна клаузула со која би можело да си замине од Манчестер сити само за 50 милиони евра во случај да добие понуда која му се допаѓа.

Овој податок го искористи весникот за да ја стави Барселона во улога на главен фаворит за неговиот потпис. Наводно, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, веќе подготвува понуда бидејќи во Алварес го гледа идеалниот наследник на Роберт Левандовски, кој има 35 години.

Но, освен Барселона, интерес за Аргентинецот пројавуваат и екипи како Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид, па се очекува „војна“ на гигантите за неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести