Бразилецот Винисиус во последен момент отпадна од составот на Реал Мадрид за вечерашното гостување во градското дерби против Атлетико.
Винисиус кој нема играно еден месец, вчера и завчера тренираше нормално, и се претпоставуваше дека ќе добие минутажа на дербито, имаше шпекулации дека може да биде и стартер. Но, рано попладнево од Кралскиот клуб информираа дека Винисиус има стомачен вирус и нема да му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти.
Следниот меч за Реал е в среда на домашен терен против Лас Палмас, и се очекува Винисиус да биде подготвен за тој меч.