На Норич му беше поништен погодок против Тотенхем, а повторно фудбалските симпатизери го следеа циркусот со начинот на кој се практикува ВАР системот во Англија.
Пак се цртаа отсечки и се користеше Геометријата за да се утврди дека Пуки во 35. минута бил во офсајд со десното рамо. Финецот погоди за 2:0, но по проверка со ВАР системот беше прикажана фотографија со мнбогу геометриски елементи како некаква потврда дека Пуки бил во офсајд.
Ваков циркус имаше и на уште неколку мечеви сезонава во Премиерлигата, а Англичаните се уникат. Кај нив само се цртаат вакви математички тела, а главниуот судија нема можност сам да ги гледа спорните моменти, па неговите колеги во ВАР собата му сугерираат каква ќе биде конечната одлука.