Ова е членската карта на Папата Франциск од клубот за кој навиваше (Фото)

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, почина на 88-годишна возраст во Ватикан, но многумина на социјалните мрежи се потсетуваат на неговата љубов кон фудбалот.

Папата Франциск или Хорхе Марио Бергољо беше роден во 1936 година во Буенос Аирес и како сите Аргенците го сакаше фудбалот. Тој беше навивач на екипата од големата аргентинска петторка, Сан Лоренцо, а во негова чест на интернет кружи фотографија со неговата членска карта.

Кога во 2013 година беше избран за Папа, од Сан Лоренцо одлучија да играат со дресови на кои беше неговиот лик и порака „ние се молиме за тебе, то моли се за нас“.

- Оглас -

Најнови вести