Неверојатен тикет вчера беше уплатен во Гостивар, каде што еден обложувач со вложени 400 денари на три натпревари со идентична игра „гол-гол и во прво и во втото полувреме“ направи квота од 1.438 и си заработи 488.518 денари.
На тикетот се одиграни три натпревари од три европски лиги, и тоа на вистински гиганти од Англија, Холандија и Франција, а квотите се движеа од 8.75 до 17.7.
Првиот меч беше дуелот од Премиер лигата меѓу Манчестер јунајтед и Шефилд јунајтед кој заврши со триумф на Црвените ѓаволи од 4:2. Во првото полувреме беше 1:1, и тоа благодарение на голот на Хари Мегваер во 42-рата минута, додека во второто полувреме гостиварецот „се нервираше“ само 15 минути бидејќи и двата тима дадоа по еден гол.
На другите два меча, гостиварецот имал голема доза на среќа бидејќи беа постигнати по четири гола, а екипите даваа по еден гол во двете полувремиња.
Ајакс и Екселсиор одиграа 2:2, а на полувреме беше 1:1. Во второто полувреме гостите веднаш ја искористија предноса од играч повеќе, додека Ајакс на една минута пред крајот на мечот се спаси од пораз благодарение на голот на Акпом.
И во Франција дуелот меѓу Олимпик Марсеј и Ница заврши 2:2, а двата тима дадоа по еден гол во двете полувремиња и донесоа одлична нето-добивка од 488.518 денари.