Во светот постои коњ кој се вика „Галилео“ и чини околу 200 милиони евра. Неговата цена го става на исто ниво со врвните светски фудбалери, па дури и поскап од нив. Чистокрвниот коњ е роден во 1988 година и сопственост е на Кулмор Стад, а најславните денови на трките ги имаше во периодот од октомври 2000 до октомври 2001 година.
По неговото пензионирање, тој стана најбараниот пастув од одгледувачите на коњи. Тој важеше за најдобар пастув на светот помеѓу 2008 и 2019 година, освен во 2009 година, кога беше втор на рангирањето. Неговата цена за едно парење е околу 673.000 евра, што е неверојатна сума на пари.
Ирскиот пастув има повеќе од 300 потомци и 89 од нив веќе имаат победи на коњски трки, некои се непоразени.