Ракометарите на Вардар загубија со 29:25 против Еурофарм Пелистер во најголемото македонско дерби, но и покрај тоа задоволни си заминуваат од Битола.
Причина за тоа е поразот од само четири гола со што во случај до крајот на регуларниот дел од сезоната да имаат ист број на бодови со Е.Пелистер, ќе бидат први на табелата во групата Б и со следната рунда ќе пренесат три бода.
Херој на Црвено-црните кои во Битола настапија десеткувани поради вирусот кој ги зафати, е Дарко Ѓукиќ кој голот за 29:25 го постигна во последната секунда од мечот.