8.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Ова е лудо: Ирска со гол во 90+6 минута стигна до победа и место во баражот (Видео)

Репрезентацијата на Република Ирска обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство откако го освои второто место во квалификациската група каде Португалија е прва. Ирска денеска гостување кај Унгарија и мораше да победи за да биде втора на крајот.

Мечот не започна добро за гостите, затоа што Унгарија поведе, со голот на Лукас уште во третата минута. Сепак, Ирска брзо израмни и тоа преку Трој Перот од пенал во 15 минута. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Варга погоди за 2:1 за Унгарија во 37 минута, а оваа предност на домаќините траеше до 80 минута. Тогаш повторно ја сцена стапи Перот кога погоди за 2:2 и драматичен финиш. Вториот гол на Перот може да го видите ТУКА.

Главниот судија покажа дека ќе се играат дополнителни пет минути. Ирска нападна со сета сила, а откако измина и петата минута, во последниот центаршут на гостите, во пеналтикот повторно се појави Перот и со хет-трик донесе голема радост и победа на Ирска од 3:2. Погодокот вреден пласман во баражот за Ирска може да го видите ТУКА.

Во вториот меч од оваа група, Португалија немаше милост против Ерменија и победи со 9:1. Со овој триумф, Португалија седми пат по ред ќе игра на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести