Едно и полгодишната фудбалска авантура на Нејмар во Саудиска Арабија заврши. Шокантно делуваше веста кога во јуни 2023 година Нејмар одлучи да си замине од Пари Сен Жермен за да дојде во тимот на Ал-Хилал. По 18 месеци поминати како играч на Ал-Хилал, од клубот на Нејмар му порачаа дека веќе не сметаат на неговите услуги и го тргнаа од списокот на играчи.
Веќе е повеќе од јасно дека Бразилецот до крајот на овој месец ќе најде нов клуб, а речиси сигурно е дека Нејмар ќе се врати во Сантос, неговиот клуб од детството, клубот од каде што ја започна неговата кариера.
Нејмар имаше тешка повреда и тоа скинати вкрстени лигаменти на коленото, па затоа во 2024 година на терен помина само 42 минути, и тоа поделени во два меча. Во 2024 година Нејмар од Ал-Хилал заработи неверојатни 101 милион евра.
Тоа значи дека Бразилецот заработи 50,5 милиони евра по настап во 2024 година, односно 2,4 милиони евра за секоја минута помината на теренот. Пресметано е дека Нејмар за секој допир на топката на теренот во 2024 година заработи 1,1 милиони евра. Ваква финансиска заработка за толку малку покажано на теренот немало никогаш во историјата на фудбалот.