Мино Рајола барал луди суми за трансфер на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Челзи ова лето, а се тврди дека при преговорите менаџерот инсистирал Норвежанецот да има годишна плата од неверојатни 50 милиони евра.
Тоа би била најголемата сума за фудбалер како годишна плата во историјата на најважната споредна работа на светот. Интересно е што Рајола, кој му е менаџер на Халанд, побарал и 40 милиони евра за себе како дел од евентуалниот договор, што сепак Челзи го одби.
TRUE ✅ Mino Raiola demanded a wages of €50m/year for Erling Håland from @ChelseaFC this Summer, in addition to agents fees of €40m
— Christian Falk (@cfbayern) August 25, 2021
Халанд засега останува во Борусија Дортмунд и има важечки договор со Милионерите до јуни 2024 година. За него се заинтересирани неколку европски гиганти, а се проценува дека евентуален трансфер во некој од нив може да достигне вредност од 130 милиони евра.