9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Ова е официјалната понуда од Барселона за Меси: Договор до 2031 година!

Официјалната понуда од Барселона до Лионел Меси да го продолжи договорот конечно е обелоденета, а деталите се неверојатни.

Каталонците му нудат 10-годишен договор на капитенот со кој би останал на „Камп ноу“ и по завршувањето на фудбалската кариера, а тој му гарантира функција во клубот. Што се однесува до платата, Меси за да остане во Барса ќе мора да прифати 50% пониски примања, односно годишната заработка од 71 милион евра да биде преполовена на 30,5 милиони евра.

Лапорта конечно го направи потегот кој го ветуваше за време на изборите, па сега останува на Меси и неговиот татко да ја разгледаат понудата и да донесат одлука дали ќе ја прифатат. ПСЖ во меѓувреме го чека одговорот на Меси, доколку биде негативен, Светците со сите сили ќе се пуштат во ангажман на Аргентинецот.

Меси покажа и оваа сезона дека е есенцијален за Каталонците, како најдобар стрелец во Ла Лига со 26 погодоци, па иако има 33 години докажа дека има уште многу да му понуди на фудбалот, а и на самата Барса.

- Оглас -

Најнови вести