Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, беше блиску до трансфер во Ал-Хилал од Саудиска Арабаија, каде што според информациите, би заработувал 200 милиони евра, а некои медиуми пренесоа дека платата би му била уште поголема, неверојатни 230 милиони евра.
Сепак, на крајот Португалецот се одлучи да остане во Европа и јасно да стави до знаење дека парите не му се на прво место. Како што вели, одлуката ја донел во консултација со Рубен Аморим и раководството на Црвените ѓаволи, но клучната улога ја имало неговото семејство.
„Претседателот на Ал-Хилал ме повика пред еден месец за да праша дали постои можност да дојдам. Ми требаше малку време да размислам за иднината. Како што отсекогаш сум велел, би бил подготвен на тој чекор ако Јунајтед смета дека најдобро е да заминам. Разговарав со Рубен Аморим, кој навистина се обиде да ме одврати од тоа. Разговарав и со челниците на клубот, кои рекоа дека не сакаат да ме продадат, освен ако јас сам не го посакам тоа. Од моја страна, тоа беше многу амбициозна понуда, претседателот беше одлична личност. Никогаш не зборував за пари, тоа дојде подоцна преку мојот агент. Тоа ќе беше лесен потег, дури и од семеен аспект. Таму се Рубен Невеш, Жоао Кансело. Моите деца играат со нивните. Но, едноставно сакам да останам на највисоко ниво, да играм на големи натпреварувања бидејќи сè уште чувствувам дека сум способен за тоа. Одлуката моравме да ја донесеме како семејство и да разбереме што сакам јас за мојата иднина. Тоа беше прашањето што ми го постави сопругата – кои се моите професионални цели. Во ниту еден момент не рече ниту ‘да’ ниту ‘не’, секогаш ме поддржуваше и го стави мојот професионален интерес на прво место. Сакам да продолжам да бидам среќен и да го правам тоа што најмногу го сакам. Сè уште сум многу страстен за овој спорт. Така јас гледам на фудбалот и задоволен сум од мојата одлука“, рече Бруно Фернандеш на прес-конференцијата пред мечот од Лигата на нациите помеѓу Германија и Португалија.