Севилја е домаќин на Валенсија во меч кој има специјална понуда во Sport Life. Не така оддамна, овие екипи на табелата најчесто беа веднаш зад Барселона и Реал Мадрид, но сега се во долниот дел од поредокот и фокусот им е да ја избегнат зоната за испаѓање.
Ова ќе биде јубилеен 200 меч на овие ривали, а подобар скор има Валенсија со 88 победи, додека Севилја се радувала на 74 дуели.
Само една победа има Севилја во последните седум првенствени дуели, додека Валенсија е тим кој на последните 11 мечеви ниеднаш не одигра нерешено. На голот на Валенсија ќе биде македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.
Традицијата на овие два тима вели дека најчесто нема многу погодоци, па на 14 од последните 17 меѓусебни пресметки немало повеќе од два гола.


