Ова е трагедија, Македонија доминираше против Грузија, а потоа нашите си дадоа автогол! (Видео)

Грузија води со 1:0 против Македонија, благодарение на автоголот на Бојан Миовски во 35 минута. Неверојатно е тоа што се случува на „Динамо Арена“, затоа што Македонија доминираше до тој момент, создаваше шанси, а на крајот Грузијците се израдуваа и тоа поради авготол на нашите.

Бојан Миовски се најде во мат позиција кога топката упатена од Кварцахелија го удри во нозете и заврши во мрежата.

 

До погодокот на Грузија, Македонија имаше четири одлични шанси за погодок, но не ги реализиравме. Стефан Спировски два пати шутираше, домашниот голман бранеше, а одбранети беа и ударите на Барди и Елмас.

До таа 36 минута, домаќините не шутнаа кон голот на Димитриевски, но и еден момент на невнимание домаќините знаеја да го казнат, па затоа водат со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести