Со синоќешното комплетирање на осминафиналните реванш-дуели во Лигата на Европа и Конференциската лига останаа само уште по осум екипи во борбата за трофеите во трите натпреварувања на УЕФА.
Најмногу причини за радост има Полска, која за првпат во историјата може да добие можност да има два тима во Лигата на шампионите. Во оваа сезона 2024/25 се одредува влезната листа за клупската сезона во 2026/27, каде што Полска направи одличен скок.
Полјаците скокнаа на 15-тото место на УЕФА-листата за клупски фудбал и тука ќе останат на крајот од сезоната, што значи дека ќе добијат два тима во елитната лига.
Додека на оваа листа напредуваат земји како Босна и Херцеговина и Словенија, а Србија и Хрватска се далеку напред, Македонија е на дното, каде што се најслабите на рангирањето.
Моментално Македонија се наоѓа на 51-вото место на оваа клупска листа на УЕФА, а послаборангирани од нас се само четири земји, и тоа Белорусија, Андора, Гибралтар и Сан Марино.
Последниот голем успех на македонски тим во европските купови го имаше Вардар со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа во сезоната 2017/18.
Country ranking as of 13 March.
The only change this week:
POL 🇵🇱 overtook DEN 🇩🇰 on 15th. pic.twitter.com/leZh6mc5fa
— Football Meets Data (@fmeetsdata) March 13, 2025