21.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Ова Ел Класико е доказ дека статистиката ништо не значи

Барселона со 1:0 победи на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид и се стекна со добра предност пред реваншот од полуфиналето на Купот на Шпанија, кој ќе се игра на „Камп ноу“.

Автоголот на Милитао го реши вечерашното Ел Класико, а необични се статистичките податоци по завршувањето на овој меч. Реал Мадрид упати вкупно 13 удари кон голот на Барселона, но ниту еден не беше во рамките на голот на Марк Андре тер Штеген.

Мадриѓаните изведоа дури 11 корнери наспроти двата удари од аголот на гостите. Реал имаше 599 додавања, додека гостите само 309 додавања, а посебна е разликата кога се работи за поседот на топката.

Во последните девет години, Реал Мадрид немал поголем посед на топка од тоа што имаше вечерва во Ел Класико (64.7 отсто), но тоа не беше доволно за домаќините да се израдуваат барем на еден погодок и да се спасат од пораз.

- Оглас -

Најнови вести