Играч на Реал беше единствениот што ја затресе мрежата, а Барселона се радуваше на „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Барселона го победи Реал Мадрид со 1:0, и тоа на гостински терен на „Сантијаго Бернабеу“, во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија. Со овој триумф, каталонскиот гигант е чекор поблиску до финалето на Купот, но треба да се одработи и реваншот од Ел Класико, кој ќе се игра на „Камп ноу“ на почетокот на следниот месец.

Едер Милитао со автоголот постигнат во 26-тата минута ѝ донесе радост на Барселона. Ова беше само четвртиот автогол постигнат во Ел Класико дуелите во 21 век. Бразилскиот репрезентативец немаше среќа откако топката удри во него, по одбраната на Тибо Куртоа. Токму овој потег се покажа како клучен на овој меч, а автоголот може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме, Барселона имаше уште една голема шанса за погодок, но нестварен е начинот поради кој Каталонците не се израдуваа. Кеси шутираше, топката одеше во мрежата на Реал, но на самата гол-линија удри во ногата на Ансу Фати и напаѓачот на Барселона скрати нова радост на гостите.

Реал Мадрид имаше привидна иницијатива и доминација на топката, но Кралевите делуваа немоќно во нападот, што покажува и статистиката. Реал имаше 64 отсто посед на топка, домаќините упатија 13 удари кон противничкиот гол, но ниту еднаш не беа прецизни топката да оди во рамките на голот на Тер Штеген.

 

- Оглас -

Најнови вести