Ова коло ќе биде посебно интересно, „луди“ дерби-дуели во Англија, Италија, Шпанија и Франција!

Во минатото коло на Спортска прогноза имаше четири прогнозери со по 11 точни фикса и тие ќе си добијат вредносни ваучери од по 500 денари во Sport Life, а веќе од денеска започнуваат предизвиците за 18-тото коло.

Во ова коло има нови 13 пара на кои сите прогнозери треба да се обидат да ги погодат фиксовите. За максимални 13 погодоци, односно Среќна 13-ка, прогнозерот може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодоци се добива ваучер од 1.000 денари, а 11-ката стандардно нуди ваучер од 500 денари.

Во ова коло посебно интересни се четири големи дерби-дуели од три атрактивни првенства. Арсенал е домаќин на Ливерпул во меч на две екипи кои се борат за титулата во англиската Премиер лига.

Интер и Јувентус, кои се главни фаворити за Скудетото, во Серија А ќе играат на „Џузепе Меаца“, а во Шпанија во фокусот ќе биде големото мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико. Интересен дуел ќе има и во Франција, во кој Лион е домаќин на Олимпик Марсеј. Двете екипи се далеку од трка за титулата, но нивните дуели секогаш се посебно интересни.

- Оглас -

Најнови вести