Ова мора да е гол на сезоната – Дибиров ја „маѓепса“ топката (видео)

Вардар по трет пат во клупската историја ќе игра на фајнл форот во Келн, откако во двомечот со Пик Сегед издвои подобар конечен резултат. Иако Вардарци губеа со осум гола разлика по првото полувреме, избраниците на Роберто Парондо одиграа многу подобро во вториот дел, па слаткиот пораз од 29-25 им донесе нова радост.

Токму феноменалниот погодок на Тимур Дибиров во вториот дел ја најави елиминацијата на Пик Сегед, а овој погодок сигурно ќе биде во збирката на најдобри погодоци во ракометната Лига на шампиони за оваа сезона.

https://twitter.com/ehfcl/status/1125104200067665921

- Оглас -

Најнови вести